МЕДИА

DSC_7613

Промотивен настан за запознавање со принципите на невромаркетингот


На 23.06.2021 во просториите на хотелот DoubleTree by Hilton, АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ одржа промотивен настан за запознавање со принципите на невромаркетингот.

Невромаркетинг е иновативна област која користи напредна биометриска технологија и вештачка интелигенција за истажување на несвесните реакции и емоции на купувачите поттикнати од одредена реклама, веб-страница, цена, производ, услуга инт. Полека но сигурно, невромаркетингот стана поле од интерес за сите компании кои што што сакаат да разберат каква улога игра нивниот бренд во животот на купувачите.

Говорник на настанот беше Јасна Стоимировска Величков, основач на АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ. Презентираше анализи од невромаркетинг истражувањa, и интересни откритија кои можат да им послужат на компаниите како инспирација за нови идеи при креирање на маркетинг-кампањи.

Научно е докажано дека донесувањето одлуки пред полица е импулсивно, и се случува врз основа на меморија и емоциона врска помеѓу брендовите и купувачите.

“Оттука потекнува и идејата за основање на АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ. Се залагаме за користење на нови иновативни технологии и за брз напредок на маркетинг индустријата во нашиот регион” ЈСВ.

Популарна тема за време на настанот беше мозокот и ЕЕГ (електроенцефалографијата). АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ се пионери во употребата на ЕЕГ за комерцијални цели во регионот. Со поставување на електроди на скалпот, се мерат електричните имплуси на невроните, а со оглед на тоа дека одредени чувства и емоции се поврзани со конкретни региони во мозок, денес ЕГГ наоѓа примена и во маркетингот. Понатаму беа демонстрирани алатки за мерење на електроспроводливоста на кожата, статичен следач на поглед и следач вграден во наочари, ЕМГ, и ЕЦГ. А исто така се зборуваше и за модул на вешачка интелигенција кој препознава емоции од лице.

„Она што еден добро сработен класичен маркетинг можеше да ни го даде до сега, го издигнуваме на повиско ниво. Работи кои што некогаш сме ги само претпоставувале или по интуиција верувале дека се вистинити, сега прецизно ги мериме„ ЈСВ.

Биосензорите беа поставени на бината, па публиката се запозна со методологијата на невромаркетингот и нејзината примена во истражувањата поврзани со однесувањето на купувачите. Во текот на настанот се прикажуваа и видеа како се вршат невромаркетинг истражувања за реклами, купувачко искуство во супермаркет, дигитална трансформација, развој на бренд и слично. Се презентираа и резултати со наоди од истражувања во форма на топлотни мапи, делови од интерес, валентност и интензитет на емоција, и модел за предвидување на пазарен потенцијал на производи и услуги. Следеше и видео со приказ на куповното ускуство од корисничниот аспект, односно од очите на купувачите додека тие се во нивната природна средина, маркетот. Сите метрики беа засонавни на научни принципи кои веќе наоѓаат примена во маркетинг стратегиите на странските компании, а сега им се достапни и на домашните компании.

На настанот присуствуваа претставници од компании од повеќе сектори вклучувајќи ги конзервната индустрија, алкохолни и безалкохолни пијалоци, кондиторија, млечна индустрија, техника и електроника, трговија со малопродажба, маркетинг, едукација и друѓи.

Придобивките од примената на невромаркетингот беа олигледни. Се создаваат производи и услуги со додадена вредност за купувачот, и се намалува неизвестоста со која што се соочуваат компаниите за време на креирање на маркетинг стратегии.

Повеќе информации за компанијата, технологијата и алатките кои се користат во невромаркетинг истражувањата можете да ги најдете на: https://neuromarketing.mk/