
Невромаркетинг е иновативно поле на маркетингот кое користи напредна биометриска технологија и вештачка интелигенција за истажување на потсвесните реакции и емоции на потрошувачите поттикнати од одредена маркетинг порака.
За разлика од конвенционалните алатки на истражување предводени од мислења, невромаркетингот се фокусира на наоди кои произлегуваат од емоциите, меморијата, вниманието, и мотивацијата на потрошувачите, кои се од суштинско значење за разбирање на процесот на донесување одлуки.

Иновација
АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ ™ е првата интегрирана невромаркетинг лабораторија во Р. Северна Македонија за анализи, истражувања и едукација која ги комбинира техниките на невронауката, психологијата и маркетингот со цел да ја подобри комуникацијата помеѓу брендовите и потрошувачите.

Технолошка револуција
Користиме водечка технологија и софтвер за интеграција на физиолошките и невронаучните истражувања. Нашите мапи на однесување нудат единствена можност за прилагодување на производот или услугата на сегашните и идните потреби на потрошувачите.

Експертиза
Тимот на АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ ™ се состои од консултанти со интернационално работно искуство во водечки компании за истражување на трговските пазари. Невромаркетинг студиите ги изработуваме врз основa на познавања од когнитивната невронаука и психолошките процеси, проследено со практично искуство во областа на невромаркетинг методологиите.
