Кодекс

АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ работи според етичкиот кодекс на Меѓународната невромаркетинг асоцијација NMSBA Neuromarketing Science Business Association


Целта на овој кодекс е да обезбеди соодветно придржување кон меѓународните етички стандарди за употреба на невронаучни методи при невромаркетинг анализи и истражувања, прикажани во членовите на овој етички кодекс.

Кодексот поркива три важни области:

- легитимноста и интегритетот на невромаркетерите; - обезбедување на заштита на личните податоци и приватноста на учесниците во истражувањата; - заштита на корисниците на невромаркетинг услуги.

Дефиниции

1. „Невромаркетинг истражување“ е систематско собирање и објаснување на невролошки и неврофизиолошки наоди од лица при користење на различни протоколи кои им овозможуваат на истражувачите да истражуваат невербални и физиолошки реакции поттиктати од различни пораки за целите на истражување на трговските пазари.

2. „Невромаркетинг истражувач“ е лице или организација што извршува или дејствува како консултант за невромаркетинг, работи на истражувачки проекти за невромаркетинг, или работи во организации кои купуваат услуги од компанија за истражување на невромаркетинг.

3. „Невромаркетинг клиент“ е лице или организација што побарува, купува или спонзорира невромаркетинг истражување.

4. „Невромаркетинг учесник“ во невромаркетинг истражување, се дефинира како лице или организација од која се собираат наоди со помош на невронаучни методи за целите на истражување на трговските пазари.

5. „Невромаркетинг студија“ е дефинирана како сесија со учесник за време на која се собираат наоди за невромаркетинг.

6. „Невромаркетинг наоди“ се информативни резултати од студии поддржани со анализа на активността на невроните произлезена од маркетинг стимуланси.

ЧЛЕН 1: Основни принципи

1.1. Невромаркетинг истражувачите треба да бидат во согласност со највисоките стандарди за истражување, и заштита на личните податоци на учесниците, и притоа да користат прифатени научни принципи.

1.2. Невромаркетинг истражувачите не смеат да дејствуваат на кој било начин што може негативно да влијае на угледот и интегритетот на невромаркетинг истражувачката професија.

1.3. Невромаркетинг наодите се доставуваат до клиентите без преувеличување или погрешно претставување, и на начин кој што е научно прифатен.

ЧЛЕН 2: Интегритет

2.1. Невромаркетинг истражувачите треба да ги преземат сите разумни мерки на претпазливост за учесниците во никој случај да не бидат под притисок како резултат на нивното вклучување во истражувачки проект за невромаркетинг.

2.2. Невромаркетинг истражувачите не треба да го злоупотребуваат или искористуваат недостатокот на знаење на учесниците за невронауката.

2.3. За време на истражување, на учесникот нема да му се нуди продажба или да се користи неговото присуство за други цели освен за вклученост во истражувањето.

2.4. Невромаркетинг истражувачите треба да бидат искрени за своите вештини и искуство.

ЧЛЕН 3: Кредибилитет

3.1. Пред објавување на критики поврзани со јавно објавените невромаркетинг проекти најпрвин треба да се споделат со NMSBA.

3.2 Невромаркетинг истражувачите вклучени во студии поврзани со функционално снимање треба да имаат протокол за справување со случајни наоди.

ЧЛЕН 4: Транспарентност

4.1. Учеството во истражувачка студија за невромаркетинг секогаш треба да биде целосно доброволно од страна на учесниците.

4.2. Невромаркетинг истражувачите-компаниите треба да имаат веб-страница на која што ќе бидат објавени услугите и ингеренциите на членовите на тимот, како и контакт детали и адреса.

4.3. Невромаркетинг истражувачите треба да им овозможуваат на своите клиенти евиденција за процесот и методологијата со која се собираат и обработуваат невромаркетинг наодите.

4.4. Невромаркетинг студиите мора да се испорачуваат и документираат со транспарентност, и да известуваат за резултатите на разбирлив начин притоа прикажувајти само онолку детали колку што на клиентите им е потребно за го разберат обемот и релевантноста на проектот.

ЧЛЕН 5: Согласност

5.1. Невромаркетинг истражувачите треба да ги објаснат алатките кои што ги користат на едноставен јазик разбирлив за учесниците.

5.2. Пред да дадат согласност за учество во невромаркетинг истражување, учесниците експлицитно треба да го изразат своето разбирање за протоколите, како и општите цели на студиите. .

5.3. Учесниците треба да бидат целосно информаирани за проектот пред да се почне со невромаркетинг истражување и собирање на сознанија.

5.4. Откако ќе се започне со студијата, учесниците во истражувањето сеуште имаат право да се повлечат.

ЧЛЕН 6: Приватност

6.1. Невромаркетинг истражувачите треба да се погрижат учесниците да бидат запознаени за целтите на собирањето на наоди од истражувањата во кои што ќе учествуваат.

6.2. Невромаркетинг истражувачите треба да имаат „Политика за заштита на личните податоци“ на учесниците која ќе им биде достапна за учесниците во секое време.

6.3. Идентитетот на учесниците ќе биде заштитен од страна на невромаркетинг истражувачите и нема да се откриваат нивни лични податоци пред клиентот.

6.4. Собраните лични податоци/информации при невромаркетинг истражуваата ќе се собираат за цели поврзани само со одредени невромаркетинг истражувања, и нема да се користат за друѓи цели.

6.5. Личните податоци нема да се чуваат подолго отколку што се бара за целите на проектот. за невромаркетинг.

6.6. Невромаркетинг истражувачите треба да обезбедат соодветни безбедносни мерки за да се заштити пристапот до личните податоци на учесниците и наодите собрани во текот на истражувањето.

6.7 Самите податоци односно сигнали кои што произлегуваат од невромаркетинг истражувањата, остануваат во сопственост на истражувачката компанија и како такви нема да бидат споделени со клиентите.

ЧЛЕН 7: Права на учесниците

7.1. Учесниците во кој било проект за невромаркетинг истражување треба да потврдат дека се запознаени со правото дека не се обврзани да учествуваат во истражувањето.

7.2. Учесниците имаат право да ја повлечат предходно дадената согласнот во било кое време.

7.3 На учесниците во невромаркетинг истражувањата треба да им се гарантира дека нивните лични податоци нема да бидат споделени со трети лица.

7.4 На учесниците во невромаркетинг истражувањата треба да им се гарантира дека на нивно барање наодите од истражувањата можат да бидат модулирани или избришани.

7.5. При пренос на личните податоци на учесниците во друга држава, ќе се води особено внимание при заштита на истите. Доколку обработката на личните податоци се спроведуваат во друга држава, мора да се почитува нејзиниот законик за принципите за заштита на личните податоци.

ЧЛЕН 8: Деца и млади луѓе

8.1 Доколку невромаркетинг студиите вклучуваат учесници помлади од 18 години, истите ќе се одвиваат со писмена согласнот од родителите на учесниците.

ЧЛЕН 9: Поддоговори

9.1 Доколку невромаркетинг истражувачите користат подизведувачи или консултанти надвор од сопствената организација, треба за тоа да бидат известени и партиите вклучени во истражувањето.

ЧЛЕН 10: Објави

10.1 При јавна објава на резултатите од еден проект, невромаркетинг истражувачите треба јасно да прикажат кој дел од извештајот претставува толкување на податоците наспроти кој дел од податоците ги претставуваат клучните наоди. Невромаркетинг истражувачите не треба да се поврзуваат со / или бранат наоди од истражувачки невромаркетинг проекти во кои што самите активно не учествувале.

ЧЛЕН 11: Обврзувања

11.1 Невромаркетинг истражувачите се обврзуваат да работат во согласнот со овој кодекс, и ќе ги известат клиентите и друѓите инволвирани партии за неговата примена. Последица од негово непочитување ќе биде прекин на членството на невромаркетинг истражувачот во NMSBA.

ЧЛЕН 12: Имплементација

12.1. Невромаркетинг истражувачите и нивните клиенти треба да потврдат дека се запознаени со кодексот, а и дека ги почитуваат останатите упатства за саморегулација што се релевантни за одреден регион или проект. Кодексот е применлив за сите лица кои што ќе бидат вклучени во невромаркетинг истражувањата.